Претставници на царините од државите на ЦЕФТА учествуваат на дводневната работилница посветена на изготвување регионална стратегија за управување со ризиците што од денеска се одржува во Охрид.
Директорот на Царинската управа на РС Македонија Ѓоко Танасоски истакна дека регионалната стратегија за управување со ризиците претставува мошне важна алатка како еден од основните постулати на Берлинскиот процес, кој претставува единствена регионална зона и заедничко управување со ризиците.
Оваа работилница во тој контекст ја дава драфт-верзијата на регионална стратегија за упрваување со ризиците врз основа на што ќе се базира и натамошната соработка меѓу царинските управи во регионот, што на крајот има за цел формирање заеднички портфолија насочени кон значително олеснување на трговијата. Тоа ќе ја засили конкурентноста на економските оператори и ќе им овозможи зајакнување на позициите во регионалните синџири на снабдување, рече Танасоски.
Кога станува збор за самите ризици, тие во царинскиот аспект имаат големо влијание во однос процентот физички и контроли на документацијата што треба да се сведат на минимум.
Тоа значи да се контролира високоризичната стока, додека нискоризичната да биде ослободена за проток, со што ќе се добие олеснување на протокот на патници и стока низ царинските служби, рече Танаскоски.
Инаку, станува збор за петта по ред средба на субјекти од царинските управи на земјите во регионот, организирана со поддршка на Германското друштво за соработка.
Comments are closed for this post.