Изминатите години многу е малку инвестирано во инфраструктурата на македонска Железница, вели министерот за транспор и врски Горан Сугаревски и истакна дека се чека анализата што треба да покаже кој модел на приватизација е најдобар.
Ние сметаме дека треба да најдеме решение за да тоа претпријатие навистина функционира, како што треба. Се работи на анализи, се работи на нив подолг временски период и чекаме да видиме што ќе покажат. Меѓутоа факт е дека ситуацијата е ваква. Тоа претпријатие е со над 80 милиони евра долг без камати, а тој долг можеби и над сто милиони евра, вели Сугарески.
Сакам да потенцирам дека треба да се вложува и во делот на локомотиви, возови, дел од кризата, којашто во даден момент се појави е во фаза на надминување. Иако морам да потенцирам дека имавме понудено и помош од соседите. Но се најде начин во моментов, како без таа помош да се надмине. Факт е дека претпријатијата, а посебно за транспорт е во големи долгови. Тоа јавноста го знае, но еве и од моја страна, преку 80 милиони евра долгови зборувам без камати, кои се кон државни органи, према добавувачи, рече Сугарески.
Инаку , увидните екипи се уште ја утврдуваат штетата на железничката пруга, откако вагони преполнети со товар се превртеа во близина на Куманово. Работите околу отстранувањето на вагоните ќе заврши брзо, но точната сума од предизвиканата материјална штета ќе се знае деновиве.
Очекуваме овие денови да ги знаеме точно штетите, но сакам да информирам дека многу брзо оди акцијата за отстранување во делот на вагоните и работењето што ќе значи од страна на JП инфраструктура во делот на санирање на штетата. Така да според она што сум информиран многу брзо треба да биде тоа санирано. Најважно е што нема човечки жртви, материјална штетата реално има, вели Сугарески.
Comments are closed for this post.