Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР), Бајрам Реџепи извршија увид во финализирањето на градежните работи на гасоводната делница од Штип до Неготино.
Сугарески за време на посетата информираше дека оваа делница од гасоводната мрежа е веќе во завршна фаза, изградбата ќе заврши во најскоро време и веднаш потоа ќе се пушти во употреба, и тoa ќе значи голем бенефит за сите граѓани и компании од овој регион. Министерот, исто така истакна и дека изградбата на гасоводната мрежа низ Република Македонија започна да се одвива со забрзана динамика, надминати се речиси сите проблеми и со финализирање на процесот на експропријација на земјишта, од следната година градежните работи ќе се интензивираат.
Гасификацијата е приоритетен проект на Владата, велат од Министерството за транспорт и врски и додаваат дека за следната година во буџетот на Министерството за транспорт и врски се предвидени 1 милијарда и 557 милиони денари, со цел да се заврши изградбата во најбрз можен рок и сите граѓани и компании да ги почувствуваат неколкукратните придобивки од гасот.
За граѓаните, гасификацијата ќе значи поевтин енергенс и заштеди во нивните буџети со намалување на трошоците за електрична енергија, додека за компаниите ќе се овозможат пониски трошоци и поконкурентни производи. Исто така, во време кога започнуваме силна борба против аерозагадувањето, изградбата на гасоводот и неговото користење ќе придонесе до значително намалување на загадувањето во градските средини“, истакна министерот Сугарески.
Comments are closed for this post.