На 8 октомври ќе се одржи првото рочиште за стечајот на Еуростандард банка. Ова е дефинитивно откако скопска Апелација ја одби жалбата на должникот Еуростандард банка како неоснована.

Штедачите во банката кои имаа депозити до 30.000 евра се обесштетени преку Фондот за осигурување на депозити, додека оние со поголеми заштеди сумата над 30.000 евра треба да си ја наплатат преку стечајната маса. Стечајни побарувања пријавија и компаниите како и други граѓани на кои банката нешто им должи.

Лицата и фирмите кои се чувствуваат оштетени од банката формираа свое Здружение кое утре пред Собранието ќе одржи протест.

Од сите политички партии Здружението ќе побара во најбрз можен рок да го гласаат предлог законот за регулирање на побарувањата на оштетените штедачи од Еуростандард Банка.