Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во август 2018 година, во однос на август 2017 година, изнесува 105.6.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (14.7%), Преработувачка индустрија (11.4%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (10.9%).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (2.7%), Рударство и вадење на камен (2.1%) и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација
на околината (2.0%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август 2018 изнесува 35 573 денари
Comments are closed for this post.