Платите не растат само заради зголемување на минималната плата, туку повеќе растат како резултат на реалните состојби во економијата и пазарот на труд, изјави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, по денешното одбележување на годишнината од основањето на Стопанската комора.
Платите ќе растат под притисок од три аспекта: со отворањето на нови работни места. Потврдени се 18 нови странски инвестиции каде што ќе се вработат околу 4.500 луѓе, а и македонската економија вработуваше интензивно лани и тоа се двете причини заради кои ќе има недосиг на работна рака. Добар дел од луѓето се иселуваат и секако треба да направиме тоа да престане. Таквите околности пред сѐ ги зголемуваат платите во реалниот сектор и во реалната економија -рече Анѓушев.
Comments are closed for this post.