Пред неколку месеци јас кажав дека со влегување на Заеви во тутунскиот бизнис, ќе се девалвира тутунот, изјави Александар Николоски, потпредседател на ВМРО ДПМНЕ во емисијата „Заспиј ако можеш“.
Сега цената на тутунот е најниска во последните неколку години, класите не се ценат како што треба. Тогаш велеа дека лажам, денеска се потврдува тоа што го зборев, изјави Николоски.
Јас нема да поднесам оставка, туку ќе се бориме. На следните избори нема да има корона и луѓето нема да се плашат да излезат. Голема излезност ќе значи победа на опозицијата. Јас сум убеден дека на следните избори ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе имаат над 60 пратеници, изјави Николоски.
Comments are closed for this post.