Секоја нелегална продажба на цигари или режан тутун е против нашите интереси зашто може да го намали производството. Нема проценка колку производителите губат од нелегалното производство иако станува збор за широколисен тутун, но извесно е дека со сузбивањето на нелегалната продажба се штитат околу 20.000 семејства што легално произведуваат тутун. Всушност, нелегалната продажба и штети на целата држава зашто од легалната продажба и извозот државата годишно заработува преку 100 милиони евра и дополнителни приходи по основ на акциза, ДДВ и други давачки кои ги даваат компаниите со легалната продажба. Секој пто сака да одглдува тутун, тоа може да го направи на легален начин, со склучување договор со откупните компании, истакна претседателот на Сојузот на здруженијата на тутунопроизводителите, Ванчо Коцев.
Коцев денеска на прес-конференција во Стопанската комора рече дека нелегално производство во Могила засега нема зашто пред две години државната инспекција ги уништила тие култури.
Друг проблем за индустријата е заминувањето на младите. Како и за останатите култури, напомена Коцев, ќе нема кој да ја продолжи традицијата.
Ќе нема работна рака за тутунот, како што е случај и со сите останати земјоделски култури. Младите си заминуваат. Засега производството е на плеќите на повозрасните, од 50 до 80 години старост. Тие се занимаваат со тутунарство, нагласи претседателот на Сојузот.
Тутунарите го поздравуваат донесувањето на новиот Закон со кој се укина обврската за вадење евидентни картони. Посебно се задоволни од откупната цена која за ланската реколта достигна 214,24 денари или 3,3 евра во просек, а одлични се и субвенциите кои, според Коцев, со 60 до 80 денари или 1,20 евра зависно од класата, се највисоки во Европа, па и во светски рамки.
Оценка на Сојузот е дека, сепак, треба да се усогласат првата и третата класа тутун, да се доближат во однос на проценката за да биде поголем просекот, особено ако се земе предви дека поголемиот дел од производството отпаѓа на прва и втора класа, а квалиетот е навистина висок.
Бараме од откупните компании усогласување меѓу прва и трета класа зашто голема е разликата. Сакаме третата класа да се доближи до втората, да биде барем 160 – 170 денари, а втората 200 – 210. Првата сега е 285 денари. При склучување на договорот, на компаниите им даваме мислење за текстот и за цените што ги објавуваат во него. Тоа засега не е прифатено, за оваа година. Но, цените се авансни, се уште имаме време да преговараме, објасни Коцев.
Оваа година откупот, согласно новиот Закон, ќе почне на 15 ноември, а околу 19.000 производители имаат склучено договори. Од идната година, пак, тутунарите ќе склучуваат договори со откупувачите без евидентен картон.
Лани беа посеани беа 14.802 хектара, се издадоа 23.430 евидентни картони, склучени беа 34.104 договори, а се откупија 25.200.000 килограми тутун
Comments are closed for this post.