Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори денеска на прес-конференција ќе го образложи својот став за одбивањето на нивното барање за одложување на роковите за поднесување на завршните сметки.

Сметководителите неодамна побараа да се направат измени во Законот за трговски друштва за да се пролонгираат роковите за поднесување на завршните сметки.

На прес-конференцијата најавено е обраќање на претседателот на Комората Драган Митковски и на Александра Андреева, член на Управниот одбор на Комората.