Комората на сметководители на Македонија при ССК, денеска ќе побара итна средба и преземање на конкретни чекори од страна на Министерство за финансии со цел надминување на предизвиците со кои се соочува сметководствената професија поради носење на законски измени на Законот за вршење на сметководствени работи, кои, како што велат, се спротивни на интересите на сметководителите.

На прес-конференција Комората ќе информира и за новите активности кои се преземаат за пролонгирање на роковите за поднесување на завршни сметки и финансиски извештаи.