Комората на сметководители при ССК не го подржува денешените протести на фелата пред Владата. Смета дека проблемите треба да се решаваат институционално.
Како што изјави претседателот Драган Митковски, Комората е и против носење на новиот закон без учество на засегнатите страни, како и против државен интервенционизам во избирањето на раководните структури во Институтот на овластени сметководители.
Од друга страна, останати сметководители кои денеска протестираа пред Владата сметаат дека тие се соочуваат со бројни предизвици, а Mинистерството за финансии им крои нов Закон без консултации.
Побараа овозможување на поголема заштита на сметководителите, справување со сивата економија во секторот преку механизми, да се заштити потписот на сметководителите со оневозможување неквалификувани и нестручни лица кои не се носители на уверение за сметководител да поднесуваат завршни сметки, да им се овозможи минимална цена за работата како и да им се овозможи наплата на останатите услуги, како би можеле соодветно да се платени за работните часови кои ги вложуваат.
Comments are closed for this post.