Во земјава има вкупно 7.430 слободни работни места. Од нив најголем број 2.944 се во услужни дејности и продажба. Во преработувачката индустрија има слободни 1.971, 1.446 во трговијата и 979 во објекти за сместување и сервисни дејности со храна.
Објавените податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во второто тримесечје од годинава, стапката на слободни работни места изнесува 1,44 отсто. Највисока стапка на слободни работни места има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 4,13 отсто, додека најмала е стапката во секторот Јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување, каде што изнесува 0,24 отсто.
Највисока стапка на слободни работни места од 1,92 отство има кај деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49.
Најмногу слободни работни места има во Скопскиот регион 3.552, а стапката на слободни работни места е највисока во југозападниот регион и изнесува 3,19 отсто.
Comments are closed for this post.