СДСМ е на пат да ја доуништи македонската економија. Поврзано со крајно катастрофалните резултати и перформанси на македонската економија во изминативе 15 до 18 месеци во време на владеење на коалицијата на власт предводена од СДСМ и ДУИ сега конечно се најавува зголемување на даноците во Република Македонија и покрај сите укажувања од страна на јавноста на бизнис заедницата и на граѓаните дека тоа во овој момент за Република Македонија е погрешна мерка, рече на денешната прес-конференција Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ.
Неговата изјава е реакција на одлуката која денеска ја соопшти министерот за финансии Драган Тевдовски за воведувањето на прогресивниот данок.
Само да потсетиме на некои ветувања од областа на даночната сфера кои што не се реализираа. Имено, СДСМ отстапи од ветеното враќање на 15 % од прибраниот данок на додадена вредност на граѓаните доколку ги приложат фискалните сметки и оваа реформа или мерка е одложена најверојатно во недоглед. Наместо тоа како што е познато се зголеми акцизата на дизел горивата мерка што значително ги погоди по џебот и граѓаните и земјоделците и бизнис секторот со зголемување на трошокот од вкупно 3.54 денари во услови кога на Светските берзи расте цената на суровата нафта што се одразува на малопродажните цени на горивата. Прашање е до кога македонските граѓани ќе го толерираат ваквото однесување на СДСМ, рече Славески.
Тој додаде дека СДСМ од идеолошки причини фрла дрвја и камења по концептот на едноставни рамни даноци.
Повикувајќи се на анализите тој истакна дека не придонесува за зголемување на јазот помеѓу богатите и сиромашните.
Во моментот преку 20 земји од Европа го имаат имплементирано рамниот данок, трите балтички држави, кои што немаат врска со тоа што беше истакнато денес од страна на министерот Тевдовски со некој социјализам, тие одамна се модерни, современи функционални пазарни економии. Унгарија, Романија, соседна Бугарија и слично, единствено министерот Тевдовски се повикува на примерот на соседна Албанија, а каде што социјалистичката влада од постојниот систем на рамен данок премина кон прогресивно оданочување, рече Славески.
Прво, ова ќе значи притисок врз компаниите да ги зголемат цените поради зголемените трошоци за труд со што ќе се зголеми стапката на инфлација. Понатаму зголемениот персонален данок на доход едноставно значи пониски нето плати затоа што значи дека работодавачите нема да го понесат тој дополнителен фискален товар.
Зголемените даноци што е многу битно, значат и зголемена даночна евазија, на ова особено истакна бизнис заедницата, пораст на сивата економија. Зголемените даноци значат загуба на работни места заради порастот на трошоците за работна сила.
Зголемените даноци не значат зголемени буџетски приходи. Видовме дека пресметките на Министерството за финансии кои што се проблематични покажуваат дека наводно ќе се прибереле дополнителни 25 милиони евра, а знаеме ние дека само со укинувањето на радио дифузната такса во Буџетот се слеваат помалку средства од оваа предвидена сума.
Comments are closed for this post.