На едно четиричлено семејство во март му биле потребни минимум 32.852 денари за да ги задоволи основните потреби.
Според минималната кошница што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија, најмногу пари или 13.798 денари биле потребни за храна, додека за комунални трошоци и покуќнина требало да се одвојат минимум 10.414 денари. За лична хигиена и за хигиена на домот на едно семејство му биле потребни минимум 2.324 денари, а за превоз 2.154 денари. За облека и обувки биле потребни 2.154 денари, а за културни активности 1.070 денари.
Раст на цените потврди и статистика
Анализата на ССМ дека најголем дел од трошоците одат за храна, ги потврдува и неодамнешните статистики на Државниот завод за статистика каде се вели дека во март трошоците за живот се поголеми за 1,4%, а цените на мало од 0,4 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Пораст на индексот на трошоците на животот во март 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 6,8 отсто, цигарите за 5,2 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 1,7 отсто, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 1,4 отсто, маслото и маснотиите за еден отсто, јајцата за 0,9 отсто, сушеното, соленото и чаденото месо за 0,7 отсто, млекото, јогуртот, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,6 отсто, рибата и морските плодови за 0,5 отсто, трбушките за 0,4 отсто и месото за 0,2 отсто, се вели од ДЗС.
Comments are closed for this post.