Министерка за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во гостувањето во емисијата „Ја сакам Македонија“ ги објасни придобивките на новиот пакет мерки во кои е предвидена и мерката за отпис на каматите на граѓаните кон јавните претпријатија.
Како што се движеа пакетите така се шира потребите за помош кон граѓаните. Во изминатите пакети беа опфатени активните, па пасивните баратели на работа, во новиот петти пакет помошта кон граѓаните е отписот на каматите кон јавните претпријатија. Иако оваа мерка за луѓето кои имаат редовни примања звучи популистичка, за граѓаните кои не можат да си ги платата сметките ќе биде голема придобивка. Со ова ние ќе им овозможиме репрограмирање на нивниот долг со јавно претпријатие или општина или УЈП за да може 12 месеци на рати да ги исплатат долговите. Во услови на ковид мора да има мерки кои во моментот ќе го гасната пожарот во моментот ќе им помогнат на граѓаните за да ја премостат пандемијата, изјави Шахпаска.
Comments are closed for this post.