Оперативниот план за активни мерки за вработување за 2018 даде добри резултати во интерес на граѓаните, вели пратеничката Јагода Шахпаска.
Со него се вработени 6.374 лица од кои над 50 отсто се млади лица до 29 години.Преку програмата Самовработување, сопствен бизнис отвориле 1.191 лице. Со мерката Субвенционирање на плати вработени се 759 лица, додека преку мерката Вработување и раст на правни субјекти вработени се 347 лица, потенцираше пратеничката на денешната прес-конференција.
Според нејзе ова се охрабрувачки податоци кои покажуваат дека оперативниот план за активни мерки за вработување е направен добро, дава резултати и нуди шанса за сите.
Со овие успешни економски политики се намалува невработеноста, се зголемува бројот на вработени граѓани што директно влијае на подобрување на животниот стандард.Стапката на невработеност, која во третиот квартал од 2018 година изнесуваше 20,8 отсто, оваа година со право очекуваме да се намали под 20 проценти, потенцираше Шапхаска.
Comments are closed for this post.