За Оперативниот план за вработување во 2019 година обезбедени се рекордни 1,1 милијарда денари, односно највисок износ досега, рече на денешната прес-конференција пратеничката од СДСМ, Јагода Шахпаска.
Мерките од Планот како што посочи се фокусираат на доквалификација, вработување на најранливите категории, но и поддршка за стартапите и иновативните бизнис идеи за сопствен бизнис.
Оперативниот план за 2019 година, вели пратеничката, посебен акцент става на младите невработени лица до 29 години како и на корисниците на гарантираната минимална помош.
„Со новата мерка во Оперативниот план обезбедените се над 43 милиони денари за развој на дигитални вештини и нови работни места во оваа сфера. Со оваа мерка се опфатени 1.323 невработени млади лица до 34 години. Преку најразлични обуки и прекфалификации овие млади луѓе ќе можат да се вработат. Новите работни места и потребите од преквалификација и стекнување на дигитални вештини се подговени заедно со работодавците. Градиме правично, фер општество кое создава шанса за сите“, вели Шахпаска.
Според неа мерките од Оперативниот план за вработување даваат реални и одржливи резултати.
Comments are closed for this post.