Република Македонија оваа година ќе ја посетат 1,2 милион туристи, кои ќе реализираат 3,2 милиони ноќевања и ќе донесат девизен прилив од 24 милијарди денари (390 милиони евра), велат проценките на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Според податоците на Агенцијата, само во првиот квартал оваа година, забележан е раст на девизниот прилив остварен од туризмот од 26,5 проценти споредбено со истиот период лани.
Од јануари до јуни годинава се регистрирани над 923 илјади ноќевања на над 433 илјади туристи, што е раст од 16,4 отсто по бројот на туристи.
Сето тоа укажува на зголемување на интересот на странски гости за Македонија како туристичка дестинација.
Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот укажуваат дека за растот на бројот странски туристи во земјата влиаеле и активностите од прмовирањето на македонската туристичка понуда во бројни медиуми во Словенија, Србија, Хрватска, Албанија, Косово, Турција, Полска, Романија, Естонија, Шведска, Израел и Бугарија.
Најинтересни за странските гости се скопскиот регион и Охрид како наша најпозната туристичка дестинација.
Comments are closed for this post.