Се нижат огласи за вработување во администрацијата, а последниот објавен е денеска. Станува збор за вработување, овој пат во Царинската управа, каде бараат 78 работни позиции, меѓу кои и за советници.
Повеќе детали за огласот може да најдете ТУКА
Во огласот се бараат советници, цариници, виши цариници, кандидати за началник на Одделение кабинет на директор во Царинска управа, инспектор со мобилен скенер, шеф на служба за проекти во Одделение за меѓународна соработка и за други работни места а како главна причина за тоа е наведено привремено зголемениот обем на работа до крајот на 2019 година.
Во изминатиов период речиси и да нема ден во кој не е објавен оглас за вработување во државните установи, управни органи и јавните претпријатија.
Изминатите денови беа објавени огласи за вработување во јавното претпријатие за државни патишта, за 16 советници и референти и 84 инкасанти за наплата на патарина.
Оглас за вработување на 11 кандидати за референти, помлади референти, помлади соработници и други профили работници на повеќе локации во Македонија распиша и УХМР
Распишан беше оглас за вработување на 4 државни службеници во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој каде што се бараат советници и помлади соработници.
Дирекцијата за безбедност и класификација на информации пак вработува две лица: самостоен референт за безбедносна акредитација и помлад референт технички секре ар на директорот.
Во оглас за вработување на 3 лица во Агенцијата за лекови и медицински средства се бараат кандидати за инспектори и помлади соработници.
Агенцијата за администрација објави оглас за вработување на 8 лица во казнено-поправниот дом Идризово.
Агенцијата за вработување, пак , вработува 27 лица и тоа соработници по различни сектори, референти за шалтерски услуги, курири како и чувар и портир.
И во Дирекцијата за заштита и спасување се бара Раководител на одделение за правни, административни работи и аналитика.
Оглас за три позиции распиша и Ревизорското тело за ревизија на предпристапната помош. Таму се бара: раководител на одделение за нормативно – правни работи и човечки ресурси, сектор за финансиски и правни работи, советник за човечки ресурси во истото одделение како и помлад соработник за буџетска контрола, одделение за финансиски прашања, сектор за финансиски и правни работи.
Четири советници и еден виш соработник вработува и Дирекцијата за технолошко индустриски зони.
Сите овие огласи беа распишани во празничните денови (01- 04 јануари), а завршуваат веднаш по празниците ( 09 јануари).
Иако претходно постојано критикуваа дека администрацијата е пренатрупана и не ефикасна, премиерот Заев изјави дека со објавените огласи за вработување се пополнуваат испразнетите места од втората половина од 2017 година.
Comments are closed for this post.