Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги намали своите прогнози за растот на светската економија поради зголемувањето на каматните стапки и интензивирањето на тензиите во трговијата. Според прогнозите на ММФ, светската економија ќе забележи раст од 3,7 отсто оваа година, што е исто како и во претходната, но е помалку од претходните предвидувања на ММФ објавени во јули.

Помалиот раст се должи пред се на послабите прогнози што светската финансиска институција ги има за 19 земји што го користат еврото, но и за Латинска Америка, Блискиот Исток и Субсахарска Африка.

Затоа, пак, ММФ очекува економијата на САД годинава да забележи раст од 2,9 отсто, но да забави до раст од 2,5 отсто следната година, поради намалувањето на ефектот од неодамнешните намалувања на даноците и трговската војна со Кина.

ММФ ја намали прогнозата за еврозоната до раст од два проценти, наместо очекуваните 2,2 отсто, поради трговските тензии со САД и загриженоста во врска со Брегзит. Ова е вторпат оваа година како финансиската институција го намалува проектираниот раст во еврозоната. Во април, ММФ очекуваше раст од 2,4 отсто.

Прогнозата за Јужна Кореја е раст од 2,8 отсто, наместо досегашните три проценти раст на БДП во четвртата светска економија.