Се менуваат условите на пазарот на труд, потребен нов закон за работни односи

30.10.2019 / 13:22


Потребна е детална анализа на трудовото законодавство и донесување нов закон за работни односи. Постојниот е донесен во 2005, веќе е стар, а има и претрпено дваесеттина измени. Тој не одговара на условите на пазарот на труд кои постојано се менуваат и во него има многу правни празнини и контрадикторности. Покрај ова, потребно е и да се работи на примена на законските одредби преку закајнување на социјалниот дијалог и колективно договарање, зголемување на капацитетите на трудовиот инспекторат, како и забрзување на споровите кои се однесуваат на работните односи.

Ова се ставовите на дел од учесниците на првата конференција што денеска во Скопје ја организираше новоформираното Здружение за трудово и социјално право.

Професорот Тодор Каламатиев, кој е и претседател на Здружението, вели дека постојниот закон веќе не одговара на реалните услови на пазарот на труд. Новиот закон, вели тој, ќе треба да ги усогласи одредбите со регулативата на ЕУ и актуелните состојби во сферата на работните односи.

-Материјата што тој ја уредува е динамична и подлежи на измени и дополнувања. Досега законот има претрпено дваесеттина измени, но мој впечаток е дека тој не може да се пофали со добра систематика. Затоа сметам дека во иднина решенијата ќе треба овозможат систематизирање на законот за работни односи. Исто така, овој закон има голем број одредби кои не кореспондираат со она што значи европско право и примена на директивите на ЕУ и ратификувана конвенција од оваа сфера. Нов закон о тоа како е потребен, може требаше да се се донесе вчера, а не денес, рече Каламатиев.

Со ставот дека е потребно и донесување на сосема нов закон, се согласува и професорот Александар Ристовски, член на ова здружение, особено поради тоа што, како што рече, веќе е менуван дваесеттина пати, но има и повеќе одлуки на Уставниот суд за поништување или укинување на некои одредби.

– Недоследности има во делот на персоналниот опсег на примена или заштитните категории на лица, неформалната вработеност, на тоа колкав број лица склучуваат симулирани договори за дело или имаат прикриен работен однос, каков е правниот режим за заштита на вработените кои склучуваат договори на определено време, какви се дефинициите за дежурства, за приправност, готовност, какви се одредбите за годишните одмори. за заштита од отказ на вработените. Има повеќе сегменти во кои има простор за унапредување, рече тој.

Дека е потребна промена на трудовото законодавство, особено Законот за работни односи, сметаат и од Организацијата на работодавачи.

– Работните односи не се едноставна тема, која зависи од нашите желби од тоа како сакаме да таа да изгледа. Факт е дека Законот за работни односи е менуван многупати, но постојано се менуваат условите на пазарот на труд, кои оттогаш досега имаат претрпено драстична промена. Со појавата на новите технологии се појавија и нови неформални вработувања и нови работни места. Се разбира и дека треба да се обидеме да изградиме компромис меѓу флесибилноста и сигурноста на работните места, рече Ангел Димитров.

Тој додаде дека работодавачите секогаш сакаат поголема флексибилност на работните места за да се охрабрат да влезат во нови инвестициии да бидат конкурентни на светските пазари, но оти од друга страна работниците сакаат да се да се заштитат од неоправдани откази и во случај на отказ од неделовни причини да бидат заштитени од државата.

-Има една нова парадигма или кованица флексекјурити, односно флексибилност и сигурност што е широко прифатена. Сигурноста не треба да се гледа како да се задржат работниците со сила на работните места. Никој не може да спречи банкрот или стечај, туку сигурноста да се обезбеди преку брза квалификација, активно посредување на АВРМ и брзо вработување на тие луѓе. Само така стопанството ќе биде конкурентно на светските пазари, а работниците ќе имаат одредена сигурност, рече Димитров.

На конференцијата што се одржа денеска беа презентирани искуства од примената на повеќе други законски прописи кои се однесуваат на трудовото право, а беше и можност да се чујат ставовите и мислењата на учесниците на трипартитниот социјален дијалог поврзани со прашањата на трудовото право.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Економија

Битиќи ги теши другарите и другарките од СДСМ: Кренете ги главите, вратете ги насмевките

пред 5 дена
Економија

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

пред 1 нед.
Економија

Димитриеска Кочоска: Платформа 1198 значи повисок животен стандард, раст на БДП од 5% на среден рок, повеќе пари за малите и средни бизниси, повисоки пензии

пред 2 недели
Економија

Ковачевски ветува просечна пензија од 30.000 денари и минимална пензија од 20.000 денари

пред 2 недели
Економија

Високо ангажирана дискусија за економска сигурност и ланците на снабдување со Jonathan BERKSHIRE MILLER во Американскиот универзитет на Европа – ФОН

пред 2 недели
Економија

„Фич“ потврди дека економскиот раст во Македонија е само 1% во 2023 година

пред 3 недели
Економија

Цукерберг го престигна Маск на листата на милијардери

пред 3 недели
Економија

ФИЧ: Со мерките на Народната банка инфлацијата и натаму ќе забавува

пред 3 недели
Економија

Димитриеска Кочоска: Буџетот е далеку од добар и состојбата која ќе ја наследиме е многу тешка

пред 1 месец
Економија

Мицкоски за Платформата 1198: Економијата е нашиот фокус, се обврзуваме на раст на БДП до 5% годишно, отворање на 55.000 работни места, намалување на даноците

пред 1 месец