Изградбата на најголемата светска ветроелектрана на море во територијалните води на Велика Британија доверена е на норвешкиот Еквинор и британскиот ШЕ Ринјублес, што е инвестиција вредна 10,2 милјарди евра.

На двете енергетски групи доделени се договори за развој на три огромни оф-шор проекти на ветроелектрани на подрачјето на Догер Банк во Северното море со капацитет од 3,6 гигавати, за кои се очекува дека ќе проиведат доволно енергија за потребите на 4,5 милиони британски домаќинства.

Инвестицијата опфаќа период од 2020 до 2026 година, при што конечната одлука за првиот проект треба да биде донесена во текот на следната година.

Почетокот на производството на електрична енергија планиар е за 2023 година. Моменталната големопродажна цена на мегават струја е околу 45 евра.

Сега е повеќе од јасно дека што повеќе ветроелектрани на море ќе изградиме, толку пониски ќе ни бидат сметките за струја, изјави ЏОн Саувен, шеф на Гринпис во Велика Британија, повикувајќи ја британската влада да „биде амбициозна како би ги потиснала климатските промени“.

Компанијата ШЕ Ринјублес, чие седиште е во Шкотска, а нејзините акции се на лондонската берза ќе биде одговорна за изградба на ветерната фарма, а Еквинокс ќе биде оператор.