По формирањето на Владата предводена од СДСМ, за краток период, успешните економски политики доведоа до тоа во вториот квартал од 2018 година, економијата, односно Бруто домашниот производ забележа раст од 3.1 отсто, возвратија од СДСМ на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека власта ја турка Македонија во тотален економски хаос.

За споредба, само во последниот квартал од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година, економијата забележа пад од – 1.3 отсто. Криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ остави долгорочни штети врз економијата и врз квалитетот на живот на граѓаните, се вели во реакцијата од СДСМ.

Од таму додаваат дека има рекордни износи на странски инвестиции од 327 милиони евра во првото полугодие од годинава.

Во целиот овој период раководството на ВМРО-ДПМНЕ се профилира како кочничар на економијата и блокатор на иднината на државата, на членството во НАТО и ЕУ.Раководството на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја сноси вината доколку се реализираат проценките на ММФ и Светска банка за намалување на проектираниот економски раст за годинава.Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, треба да се откажат од деструктивното однесување на раководството на оваа партија, да ги поддржат процесите во Собранието и уставните измени да бидат изгласани, додаваат од СДСМ.