Ало Миле ми текна и носителот на криминалот, Никола Груевски, мислеа само на провизии и процени од нив. Затоа 11 години во Македонија не се градеа патишта, а она што беше почнато беше единствено криминална шема на штета на граѓаните и буџетот, реагираат од СДСМ на денешната прес-конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски за автопатот Кичево-Охрид.
Само заради остварување на криминалните интереси на Никола Груевски и Миле Јанакиески, на автопатот Кичево-Охрид забележани се бројни пропусти кои резултираа со дополнителни трошоци за негова изградба, стои во реакцијата од СДСМ.
Од Бихаќка обвинуваат дека само заради лично богатење, бил заобиколен законот за јавни набавки, а штета врз буџетот со директниот договор е над 155 милиони евра, за што предмети отворија независни правосудни органи и се водат судски постапки.
Тоа е истиот Никола Груевски, кој е ментор на Христијан Мицкоски, кој му доделува 33 илјади метри квадратни земјиште на фирмите на Мицкоски за хидроцентрали. Тоа е истиот Миле Јанакиески чии најблиски соработници, Димовски и Јанушев, се дел од шемите со фирмите на Мицкоски и дел од антизапдното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, се наведува меѓудругото во реакцијата од СДСМ.
Владата на СДСМ наведуваат во партиската реакција, ги санираше штетите, ги реши наследените проблеми на автопатот создадени токму од неодговорното и криминално однесување на ВМРО-ДПМНЕ и заштеди 95 милиони евра.
Comments are closed for this post.