Средствата од буџетот за РЕК Битола наместо за инвестиции и нови проекти одат за бизниси во четири очи и за вработување на блиски роднини на функционерите од СДСМ, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакна портпаролот на партијата, Димче Арсовски, откако Васко Ковачевски станал директор на РЕК Битола, се погрижил да вработи и голем дел од неговото семејство во оваа државно претпријатите.
Арсовски посочи дека во РЕК Битола од неодамна се вработени Горан Димовски, брат на сопругата на Ковачевски и Миле Вељановски кој е зет за прва братучетка на Ковачевски, инаку негов близок соработник во предизборните кампањи.
Додека средствата од РЕК Битола се трошат за нови вработувања и тендери во четири очи со фирми блиски до власта во РЕК Битола се случуваат константни испади на блоковите кои причинуваат штети вредни стотици илјади евра.
На 12- ти овој месец падна БЛОК-3, кој последно беше ремонтиран и кој требаше континуирано да е во мрежа зимските месеци, а завчера испадна и БЛОК-1. Тоа се штети од околу половина милион евра. Една штета на еден блок е околу 200.000 евра.
Неспособноста на раководство на РЕК предводено од Ковачевски го загрозува нормалното функционирање на термоелектраната во зимскиот период, која е пак најголем производител на струја во државата.
Господине Ковачевски не ги трошете средствата на РЕК Битола за вработување на вашите роднини и партиски колеги и за склучување договори во четири очи. Договорите во четири очи со СВ Инвест која како што знаете според медиумите се поврзува со Вице Заев, а која од РЕК Битола во ваше време има добиено 1 милион евра бизниси во четири очи јасно покажува дека вашите партиски бизнис интереси се пред сите други – истакна Арсовски.
Comments are closed for this post.