Од вкупниот број на вработени во земјава, 60,8% се мажи а 39,2% се жени. Најновите објавени податоци од Државната статистика покажуваат „економски јаз“ по родова основа. Податоците и од невладиниот сектор упатуваат на тоа дека иако работат исто – трудот на жените се вреднува за 18% помалку во однос на мажитепишува неделната економска анализа на Portalb.mk. Во земјава од вкупниот број на работодавци, само 19,4% се жени.

 Само 1 % од жените земаат плата повисока од 40 000 денари …

Во земјава во 2017 година имало 290 387 вработени жени, или стапка на вработеност од 34,6 отсто додека бројот на вработени мажи изнесувал 450 261, односно стапка на вработеност 53,6%. Овие бројки покажуваат на сеуште присутната родова нееднаквост, се наведува во истражувањето на Државниот завод за статистика.

Вработеноста во Република Северна Македонија се карактеризира со многу неповолна полова структура. Оваа структура е непроменета во еден подолг временски период, пред сè, поради нестабилните економско-социјални услови во земјата и неусогласеноста на расположливите и потребните профили на пазарот на труд. Стапката на вработеност во Република Северна Македонија во 2017 година кај жените изнесува 34.6 и е значително пониска во споредба со онаа кај мажите, која изнесува 53.6. Стапката на невработеност кај жените изнесува 21.8, а кај мажите 22.7. Стапката на активност кај жените е пониска и изнесува 44.3, а забележливо е повисока кај мажите и изнесува 69.3% “ – се вели во публикацијата.

 Од вкупниот број на работодавачи ( сопствена фирма) во земјава кој изнесува 128 714, 19,4% се жени а останатите 80,6% се мажи или на четири работодавачи од машки род , има само една жена.

 Секторски, жените доминираат во образованието, администрацијата, финансиските дејности, здравствената и социјална заштита, преработувачката индустрија.

 Од вкупниот број на вработени жени само 1 % или  2 979 вработени земаат плата повисока од 40 000 денари додека од вкупниот број  на вработени мажи , оваа плата ја земаат  9 284 или 2,1%. Големи разлики има и кај висината на платат од 25 000 денари  до 30 000 денари, па така оваа месечна сума ја земаат 3,9% од жените а 5,2% од мажите. Од друга страна пак официјалните податоци покажуваат дека во  вкупниот број на вработени со високо образование, жените учествуваат со  51,7% а мажите со 48,3%. 

 Истражувањето покажува дека жените главно се вработуваат на пониско платени работни места. Од секторите најмногу се присутни во образованието, здравството и текстилната индустрија. Во јавната администрација работат повеќе мажите“ – изјави неодамна  Маре Анчевска од  СИЕР.