Марјан Ристески од  Конфедерација на Синдикални Организации на Македонија во емисијата 24 Отворено истакна дека Конфедерацијата има одредени барања во делот на сет мерки и добро е што се даваат бескаматни кредити на работодавачите и вели дека треба да се даваат строго наменски кредити на одредени граѓани кои се во тешка финансиска ситуација.

Ако граѓанинот е заглавен финансиски со лекување, со извршители, мислам да се даде еден бескаматен кредит и тоа ќе биде од голема добивка. Ние како независни синдикати имавме состанок и ќе протестираме сега во сабота каде ецидно ќе ги доставиме нашите барања. Бараме да има работници во управните одбори на јавните претпријатија.“ – рече Ристески.

Вели дека има големи притисоци врз независните синдикати, од синдикатите и од директори од одредени претпријатија и министерства. Истакна дека имало и недоразбирање со одредени министри, особено од министрите Царовска и Спасовски.