Ребалансот на Буџетот за 2019 година подготвен од Министерството за финансии, денеска треба да биде разгледан на владина седница.
Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека подготовката на ребалансот е во финална фаза и дека тој треба да даде поддршка на поддршка на капиталните проекти и на новите мерки за повисоки плати и за подобри услуги за граѓаните.
Една од мерките што ќе биде вградена во ребалансот е државата да ги покрива придонесите за здравствено и пензиско осигурување, доколку работодавачот ја зголеми платата на работниците во нето износ од 25 отсто од просечната плата.
Мерката треба да почне да се применува од октомври годинава.
Ангеловска на првиот ден од нејзиното преземање на функцијата во интервју за МИА посочи дека во последните денови била вклучена во завршната фаза и потенцира дека мерката ќе се имплементира во последните два месеца од годинава, од 1 октомври.
Пресметката е вклучена во ребалансот и сметам дека е добро тоа што мерката ќе овозможи малите и средни компании и воопшто компании да можат да дадат поголеми плати, а притоа да бидат ослободени од плаќање на придонесите.
Comments are closed for this post.