Растот на прометот на Македонската берза во 2018 година од речиси 120 отсто во однос на 2017 година е уште една потврда дека се гради стабилна деловна клима, се враќа довербата во македонската економија и оптимизмот кај инвеститорите.
По растот на платите, зголеменото индустриско производство, растот на извозот и растот на бројот на вработени, зголемувањето на годишниот промет на Македонската берза е уште еден во низата показатели за успешноста на економските политики што ги спроведува Владата предводена од СДСМ.
Со забрзувањето на интегративните процеси, со членството во НАТО и почетокот на преговори со ЕУ, ваквите позитивни економски трендови дополнително ќе се интензивираат и ќе обезбедат забрзан економски раст, повеќе инвестиции и нови работни места.
Владата предводена од СДСМ продолжува со зацртаните мерки што ја поставуваат економијата на стабилни основи, обезбедуваат раст и развој, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.
Comments are closed for this post.