Alphabet, компанијата мајка на Гугл последните три месеци од 2018 година ги заврши со рекордни расходи. Тоа  ги уплаши инвеститорите  и  предизвика пад на  цените на акциите за 3%, пишува  Financial Times. Падот на акциите,  доаѓа дури  откако Гугл  ги објави приходите- н поголеми од очекуваните  и профитот за следниот период.

За последниот квартал Гугл  инвестираше 7,1 милијарди долари, што вкупно за цела година инвестицијата  изнесува  25.1 милијарди долари, речиси двојно зголемување во однос на  2017 година. Зголемувањето на трошоците е во склад  со останатите компании во овој сектор како Амазон и Фејзбук кои што исто така ги зголемуваат своите инвестиции.

Главната причина во случајот на Гугл  е лиценцирањето на оригинални содржини за видеоплатформата YouTube, која се обидува да направи промени во бизнис моделот. Гугл  исто така, се фокусираше на голем дел од својата инвестиција во нови центри за чување на информации.

Можности за раст

Главната работа што ја гледаме во нашата профитна маргина е што продолжуваме да  гледаме огромни можности за раст на Гугл , па затоа инвестираме како дел од нашата долгорочна стратегија”, рече Рут Порат, финансиската  директорка  на компанијата

Се чини дека инвеститорите се грижат за прекумерното  брзо трошење”, рече Колин Колборн, аналитичар од Форрестер.

Порат  очекува темпото на инвестиции значително да се забави во 2019 година. Истото е и со прогнозата за бројот на вработени во компанијата. Гугл ангажирал 4400 нови вработени во последниот квартал. Во 2018 година, беа ангажирани повеќе од 18.000 луѓе, а компанијата ја заврши годината со речиси 99.000 вработени.