Годинава е неверојатно тешка за македонските пчелари. Поради временските неприлики и дождовите, тие тврдат дека производството на  мед е намалено за дури  80%.

Пчеларот Марјан Петроски вели дека цената на медот во Прилеп е 400 денари за еден килограм. Има навремени субвенции од државата, но потребна е помош.

Ние како пчелари ги задоволуваме критериумите, но временските неприлики и климатските промени драстично го намалија медопроизводството. Затоа е потребна помош од државата во вид на субвенции, или каква било друга помош за да излеземе од кризата.. Досега примаме субвенции од пчелно семејство по 600 денари. навреме добиваме, а сега има проекти кои треба да се промовираат, нагласува Петроски.

 За да се промовира употребата на медот како здрава храба,  денеска во центарот на Прилеп започна манифестацијата „Денови на медот“.

Македонија е на дното во Европа според ниската конзумација на медот.

 Се трудиме да се промовира медот како здрава храна, но навиките се се уште ниски. Годишно потрошувачката е околу 200 грама мед по глава на жител, а во западноевропските земји е од седум до 10 килограми по жител годишно, смета претседателот на прилепското здружение „Братство“.