Тркалезната маса на тема „Бизнисите, невладините организации и младите: механизми за интеракција“ организираше во Тетово, здружението „Мултикултура“. Целта е да се сретнат заедно претставниците на бизнис секторот, претставниците на невладните организации, учениците и студентите за да разговараат заедно и да развијат мехнизами за соработка во овие сектори, посочуваат организаторите.
Од една страна претставниците на бизнисите кажуваат колку младите се подготвени за пазарот на трудот и колку тие реално имаат потреба за ангажирање на студенти за вршење практична работа, а од другата страна студентите кажуваат за проблемите што тие ги наоѓаат кога се ангажираат од некој во бизнис секторот. Какви квалификации се потребни за да се надоградат младите и што е улогата на младинските организации во овој случај е фокусот на денешната тркалезна маса. Исто така ќе се генерираат идеи за тоа како може бизнис секторот да поддржи иницијативи за промени во општеството, изјави Арлинда Илјази извршен директор на „Мултикултура“.
Што повеќе практична работа за студенти во производствените фирми ќе значи оформување на тој стручен кадар што постојано недостига, потенцира Алмир Кучлар, претставник на фирмата „Фриготехника 2000“ од Тетово.
Релативно по дејноста што ја вршиме ние се соочуваме со недостиг на работна сила, значи со квалификуван кадар, дали образованието не може да ни го пружи или нема доволно квалификувани во нашата бранша, се занимаваме со индустриско производство. Така што во овој сектор се соочуваме со реален дефицит на работна сила. Да се организира што повеќе практична работа за студенти, тоа најмногу ќе придонесе за добивање на овој профил, истакна Кучлар.
Оваа активност се организира во рамките на проектот „Моќта на младинскиот глас во полошкиот регион„ спроведуван од „Конект“ во партнерство со Фондација „Аполонија“ и Центар за даночна политика поддржана од програмата „Промени за одржливост„ финансирана од Европска Унија“.
Comments are closed for this post.