Македонската лесна преработувачка индустрија има голем потенцијал за развој, но во тоа суштинска улога ќе има вложувањето во квалификувана работна сила, порачаа учесниците на втората конференција „Macedonia Manufacturing Expo“, на која присутво зедоа 60 македонски компании и 35 странски купувачи.
Дводневната конференција е можност за контакти на македонските компании за проширување на бизнисот надвор од локалниот пазар, преку вклучување во ланците на добавување во секторот со странски компании.
Производниот сектор има потреба од квалификувана работна сила, техничари, експерти,… Имаме многу инвеститори кои вложуваат тука, компании кои сакаат да најдат македонски компании како свои добавувачи, но есенцијата на се е квалификуваната работна сила. Зборуваме за технички стручни лица во овие компании кои се потребни за иднината за да може да се развиваат индустријата и извозот – порача директорот на Делегацијата на германското стопанство во Македонија, Патрик Мартанс.
Конференција е во организацијана Македонската асоцијација на метална и електроиндустрија (МАМЕИ) и Делегацијата на германското стопанство во Македонија. Зад МАМЕИ стојат компании кои на државно ниво имаат 1,5 милијарда евра годишен извоз, што претставува 19 отсто од вкупниот извоз на државата или речиси пет проценти од вкупниот приход на државата.
Со германска помош веќе една година се спроведува тригодишен проект за дуално образование, за да се намали јазот меѓу понудата и побарувачката на работниот кадар во автопмобилската, металомашинската и индустрјата за производство на опрема… индустријата.
Comments are closed for this post.