Со почеток на новата календарска година, Македонија го воведува прогресивниот данок на доход. За бруто плата во висина до 90.000 денари, се применува даночна стапка од 10%, повисоките плати од 90.000 денери се оданочува со 18%.
Покрај тоа, придонесите за пензиско осигурување ќе се зголемат од 18% на 18,4% во 2019 и на 18,8% во 2020. Исто така, придонесот за здравствено осигурување ќе се зголемува постепено, од 7,3% на 7,4% во 2019 и 7,5% во 2020 година, со што автоматски ќе се зголемат трошоците за работна сила за работодавците.
Покачувањето на придонесите не гарантира подобрување на системот. Првично е многу поважно да се направи реформа во здравствениот систем, која ќе подразбира транспарентност во работењето, а во фокус ќе бидат ставени пациентите- соопшти Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Македонија.
Делегацијата на германското стопанство во Македонија, не го поддржува зголемувањето на данокот на личен доход. Воедно сакаме да ја искажеме нашата критика за не вклучувањето на приватниот сектор во дијалог за новиот закон. Македонија како дестинација за странските инвеститори, воглавно е конкурентна со предвидливоста, долгорочното планирање, правната сигурност. Со новиот закон се одалечуваме од фиксна стапка на рамниот данок, а со тоа не само што се зголемуваат трошоците за компаниите, туку првично се создава несигурност кај стопанствениците- соопшти Мартенс.
Се очекува прогресивно оданочување да го зголеми даночното затајување и сивата економија. Зголемувањето на трошоците секогаш претставува “проблем за компаниите“. Особено во временски период кога тие веќе се оптоварени со нови административни давачки, како зголемувањето на минималната плата или регулативата за заштита на лични податоци.
Досегашната даночна политика, односно рамниот данок во изминатите години се докажа како значаен фактор за атрактивноста на Македонија како дестинација за странските инвеститори. Голем број на германски компании инвестираа во Македонија. Покрај тоа, не е добро за една земја постојано да ја менува својата даночна политика- соопшти Мартенс.
Comments are closed for this post.