Загрижувачки е тоа што премиерот, Зоран Заев најавува дека ќе ги остави да пропаднат малите фирми во Македонија а ќе ги помага олидарсите кои се чеда на СДСМ, вели Љупчо Пренџов од опозициската коалиција.
Тој во утринската емисија на Алфа телевизија истакна дека тоа може и да се види на дело дека во новиот ребаланс на Буџет, кој што од денес почнува во собраниска процедура, се кратат пари од министерството за економија, кои беа наменети за поддршка на мали и средни претпријатија.
Пренџов додава дека загрижувачка е таквата изјава на Заев, затоа што во Македонија 90% од фирмите се микро, мали и средни претпријатија.
Премиерот Заев пред некое време кажа дека ќе ги остави да пропаднат фирмите кои што, како што вели, животаркаат. А со новиот ребаланс на Буџет, во тој дел во министерството за економија, имамаме намалување на средствата за помош на мали и средни претпријатија. Инаку 90 проценти од регистрираните фирми во Македонија се микро, мали или средни претпријатија. и она за што треба да се загрижи јавноста е тоа што тој вели, дека ќе им помогнеме на локомотивите во стопанството, рече Пренџов.
Ајде да се запрашаме кои се локомотивите во стопанството, вели тој и додава, тоа се чедата на СДСМ. Тоа се огромните олигарси кои што во 90-тите години, претходните раководства на СДСМ, им дозволија да го приграбат целиот општествен капитал во државата.
Цело време нив ги потпомагаат, ги финансираат, потоа оние им враќаат во изборни кампањи помагаат поткуп, помагаат во тоа што им треба логистика на СДСМ. И кога дојде државата да секој еден од нас се плаши за своето работно место, се плаши за својата егзистенција, излегува премиерот и вика, видете 90% од фирмите слободно можат да пропаднат, ние ќе ги помагаме локомотивите, ние ќе ги помагаме олигарсите, бидејќи тие се наши деца и на тие не смее да им фали ни влакно од коса, макар и во криза од КОВИД-19, рече Пренџов и констатира дека тое е многу загрижувачка најава од предводникот на Владата, Заев.
Comments are closed for this post.