Премиерот Зоран Заев ќе учествува на редовната средба на Европската банка за обнова и развој ЕБОР што од денеска до 9 овој месец ќе се одржи во Сараево, каде што заедно со другите лидери од Западен Балкан ќе дебатираат за економски и политички прашања клучни за регионот.

Според најавите, освен Заев ќе учествуваат и Денис Звиздиќ, претседавачот на советот на министри на БиХ, претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, премиерот на Албанија, Еди Рама, претседателите на Србија и на Косово Александар Вучиќ и Хашим Тачи.

Главна тема на годинашниот бизнис-форум ќе биде „Поврзување на економиите за посилен раст“.