Управата за Јавни приходи и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот равој денеска потпишаа Меморандум за соработка со цел брза размена на податоци меѓу двете финансиски институции.
Меморандумот го потпишаа директорката на УЈП, Сања Лукаревска и директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски.
Размената на податоците се однесува на физчки лица, вршители на дејност, правните лица, како и на општините баратели на финансиска поддршка од пограмите финансирани од државниот буџет и од ЕУ.
Поблиската соработка ќе овозможи побрза обработка на апликациите и значително ќе го скрати времето потребно за проверка на барателите. Ќе овозможиме парите што преку даноци ги прибираме во државната каса, повторно преку проекти наменети за граѓаните и преку модернизација на земјоделските стопанства, да се вратат кај граѓаните, рече Лукаревска.
Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, истакна дека со размената на податоците ќе се овозможи средствата кои се проектирани со националните и ИПАРД програмите побрзо да стигнат кај граѓаните – преку инвестиции и модернизација на агро секторот или преку реализираните капитални инвестиции на општините од Програмата за рурален развој.
Согласно правилата на Програмата за рурален развој, финансиската поддршка за општините е 100 отсто од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестицијата без ДДВ. Општините сами си го покриваат данокот на додадена вредност. Сега, со можноста да се разменат податоци, обработката на апликациите ќе биде брза и парите преку програмите за рурален развој ќе стигнат повторно кај граѓаните, напомена Бабовски.
Comments are closed for this post.