Во најавениот Викенд без ДДВ кој ќе се спроведе на 10, 11 и 12 октомври, граѓаните ќе може да купат домашни производи и услуги до најмногу 30.000 денари, како и комјутери и ИТ опрема.

-Оваа мерка предвидува да опфати повеќе од 350 илјади граѓани, а јас се надевам и до 500000. Корисниците на апликацијата Мој ДДВ, кои за време на викендот 10, 11 и 12 октомври,е може да купат домаши производи и услуги и компјутери и друга ИТ орпема до најмногу 30.000 денари по пединец и во рок од само некоку дена назад ќе го добијат назад целиот ДДВ 100 проценти, изјави Заев.

Со оваа мерка, како што истакна, се проектира да се направи вкупен промет од над 170 милиони евра, а проекциите стигаат и до 250 милиони евра, пари кои ќе бидат инјекција за стопанството, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра, а со проекција и до 25 милиони евра од поврат на ДДВ.

Предлог законот со кој ќе се реализира мерката “Викенд без ДДВ”, ги помина филтрите на надлежните собраниски комисии. Овој проект е во интерес на граѓаните и токму затоа денеска ги повикувам сите пратеници да го поддржат. Гласањето ЗА ќе значи на граѓаните да им се овозможи да го добијат назад целиот ДДВ за производите кои ќе ги купуваат во викендот меѓу 10 и 12 октомври. “Викенд без ДДВ” е дел од новиот, четвртиот сет на владините антикризни мерки, со што всушност се надоградува успешниот проект за поврат на ДДВ кон физички лица, изјави Лукаревска.

Законските измени со кои треба да се овозможи овој викенд да се реализира мерката од четвртиот пакет – Викенд без ДДВ е на дневен ред на денешната собраниска седница што треба да започне во 12 часот.