Министерството за економија за годинава има одвоено 53 милиони денари за Програмата за конкурентност, иновативност и претприемништво. Програмата, како што информира министерот за економија Крешник Бектеши, годинава ќе се спроведува во четири делови.
Првиот дел ќе биде директна поддршка за малите и средните претпријатија, вториот дел е за генералната индустриска политика, третиот е за поддршка на кластерите, а четвртиот за поддршка на компаниите кои ќе преземаат активности во полето на општествена одговорност, рече Бектеши на денешната прес-конференција.
Тој посочи дека во минатата година беа реализиран 99 отсто од средствата што беа предвидени согласно Програмата за конкурентност, иновативност и претприемништво.
Имавме предвидено само 10 милиони денари за поддршка за малите и средните претпријатија, но и генерално за индустриската политика. Годинава имаме предвидено 53 милиони денари за оваа програма. Во неколку наврати кажавме дека 2019. ќе биде економска година за Република Македонија и убедени сме дека со креирање на ваквите мерки и со другите мерки предвидени од Владата, заедно со бисниз заедницата ќе го реализираме предвиденото во Буџетот, но ќе достигнеме и уште повеќе. Сите предуслови се исполнети во земјава да се реализираат сите предвидени проекти за 2019 година, посочи Бектеши.
Comments are closed for this post.