Од вкупно 1,98 милиони корисници на мобилна телефонија во Македонија, пристап до интернет преку мобилна мрежа (2G/3G/4G) користат 1.275.168 претплатници или 64,4 отсто.

Според податоците на Агенцијата за електронски комуникации, пазарниот удел на оне.ВИП оператор  во вкупниот број  корисници на интернет преку мобилна мрежа во првиот квартал годинава изнесува 52,05 проценти,  Македонски Телеком учествува со пазарен удел од 46,38 проценти, додека Лајкамобајл има пазарен удел од 1,57 проценти.

Фиксна телефонија во првиот квартал годинава користеле 366.436 или за 1,20 проценти повеќе во однос на првиот квартал лани.

Во првото тримесечие пристап на интернет преку оптичка  мрежа имале 42.196 претплатници, односно за 88,77 проценти споредено со истиот период минатата година.

Зголемување  од  1,96 проценти има и кај вкупниот број претплатници на ТВ услуги, односно за таква услуга биле претплатени 397.402.

Услуги врзани во пакет користеле 347.526 претплатници, или за 5,39 проценти повеќе споредено со првиот квартал лани.