Последен ден за исплата на регрес за годишен одмор

31.12.2019 / 13:24


Денеска е последен ден за исплата на регрес за годишен одмор или таканаречен К-15. Неговата исплата е законска обврска за компаниите, а висината може да биде пониска од законски пропишаната само доколку одредена компанија се соочува во финансиски потешкотии  во работата.

Од Организацијата на работодавачи немаат прецизни информации колку од фирмите го исплатиле регресот, иако посочуваат дека дел од нив ја исполниле оваа обврска уште пред годишните одмори.

Сепак, како што посочуваат оттаму, праксата покажува дека поголем дел од нив го прават тоа пред крајот на годината.

Со оглед на тоа што законски е дозволено во одредени случаи на потешкотии во финансиското работење на фирмите, да се исплаќа понизок износ од пропишаниот минимум, укажува Организацијата на работодавачи, треба да се внимава како ќе се направи спогодбата меѓу работниците и работодавачот.

– Работниците се тие што го бираат нивниот претставник што ќе ја склучи таа спогодба, а не управителот или директорот. Работниците мора на собир на работници на нивно здружение да се договорат до кој износ ако фирмата има загуба, има финансиски проблеми, кој е тој минимален износ за кој се подготвени да преговараат и тие да го изберат лицето претставник. Само во тој случај оваа помала исплата ќе биде согласно со општиот колективен договор. Во сите други случаи, ако работодавачот сам си назначи лице и сам си склучи спогодба со тоа лице, тоа може да му падне на суд и мора да го исплати целиот износ на К-15, изјави Ангел Димитров, претседател на Организација на работодавачи на Македонија, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата.

На можност за исплата на понизок регрес за годишен одмор неодамна потсетија и од Сојузот на стопански комори на Македонија.

-Со Спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор од 2015 година во членот 35 се додава дека работодавачите кај кои настанале потешкотии во работењето, ценејќи ја економско – финансиската состојба на работодавачот, по задолжителна претходна консултација со синдикатот на ниво на гранка односно оддел, со спогодба потпишана од работодавачот и репрезентативната синдикална организација може да се утврди регрес за годишен одмор во помал износ од износот утврден со колективен договор, информираа од ССК.

Компаниите кои не генерираат доволно профит не смее да се ставаат во ситуација да подигнуваат кредити или да бараат позајмици за да исплатат регрес, со што дополнително ќе си ја отежнат ликвидноста, сметаат од Комората и додаваат дека треба да се овозможи компаниите кои имаат тешка година да опстојат, а не дополнително да се оптоваруваат по секоја цена.

Право на регрес за годишен одмор има секој работник во приватен сектор кој најмалку шест месеци во календарската година работел кај ист работодавач. Законски пропишаниот минимален износ изнесува 40 отсто од просечната нето плата на државно ниво исплатена во последните три месеци, односно околу 10.100 денари.

За непочитување на оваа законска одредба од страна на работодавачот предвидени се и казни.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Економија

Мицкоски смирува: Правиме се за да нема зголемување на цената на струјата и на парното

пред 13 часа
Економија

Стан по цена 20 посто пониска од пазарната, ослободување од комуналии за изградба на куќа и поддршка за студентите, мерки за млади

пред 16 часа
Економија

Мицкоски: Реалната нето-плата е за 5,2 отсто поголема, во владата на СДСМ и ДУИ беше намалена за пет отсто

пред 2 дена
Економија

Николоски: Мaкедонија нуди најдобри услови за инвестирање во целиот регион

пред 5 дена
Економија

Се размислува за електронска наплата за патарините, ќе се наплаќа по километар

пред 6 дена
Економија

Николоски: Од 1 јануари државата ќе биде единствен организатор на онлајн игрите на среќа и ВЛТ терминалите

пред 6 дена
Економија

Николоски: Владата стратешки инвестира големи средства за развојот на коридорите 8 и 10, без поврзаност не може да има бизнис

пред 7 дена
Економија

Николоски на Виенскиот економски форум: Активно ја градиме пругата на источниот дел од коридор 8

пред 1 нед.
Економија

Почнува расправата за новиот буџет

пред 2 недели
Економија

Една компанија која си заминува од Србија доаѓа во Македонија

пред 2 недели
parla iptvstarzbet girişgrandpashabetjojobetsahabetgrandpashabetgrandpashabetgrandpashabet girişjojobet günceldeneme bonusuKumar SitelerigrandpashabetGrandpashabetgrandpashabetgrandpashabet girişgrandpashabet girişGrandpashabetGrandpashabetgrandpashabet güncel girişgrandpashabet girişgrandpashabetdeneme bonusugrandpashabethttps://centromedicoflorence.com/cookies-service/betkomextrabetbahis siteleriGrandpashabet girişGrandpashabet girişgrandpashabetjojobetjojobet girişjojobetjojobet girişjojobetjojobet girişgrandpashabet girişjojobetjojobet girişjojobet girişjojobet