Желеничката пруга Битола-Кременица со сите свои сегменти ќе биде завршена до крајот на оваа година и пуштена во употреба до 31 декември, најави вицепремиерот Кочо Анѓушев кој заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески извршија увид во изградба на пругата со која ќе се поврзат Македонија и Грција.
Според Министерот Сугаревски пелагонискиот регион ќе биде поврзан со Грција, а со тоа ќе се овозможи брз транспорт на стоки и услуги за домашните и странски компании. Најави и дека во наредниот период ќе биде потпишан анекс на договор со кој целосно ќе се забрза изградбата на првата делница од Куманово до Бељаковце.
Вецепремиерот за економски прашања Анѓушев ја нагласи двојната улога и економските ефекти од проектот, велејќи дека од една страна се подобрува инфраструктурата и дава можност стоката што се произведува во Македонија да има побрз пристап до Солунското пристаниште, а на граѓаните, пак, им овозможува подобра комуникација и транспорт до соседните држави.
Пругата е со должина од 16 километри, а инвестицијата е во вредност од 17, 2 милиони евра. Од нив 6 милиони евра се грант од Европската Унија, а 11 милиони евра се обезбедени од буџетот на Република Македонија.
Comments are closed for this post.