Задоцнетите мерки на СДСМ и на Зоран Заев ќе се прекршат на грбот на граѓаните. Поради тоа, граѓаните ќе плаќаат повисоки камати на задолжувањата кои сигурно ќе се случат поради состојбата со корона вирусот.
Сето она што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го кажа, дека ќе нема пари и оти доаѓа време на скапи кредити станува вистина.
Затоа Мицкоски бараше да се обезбедат свежи пари кои треба да влезат во економијата.
Наместо да не се губеше неколку недели, Македонија ќе се задолжи со многу повисоки камати, а сметката наместо Заев ќе ја платат граѓаните.
За овој проблем Мицкоски проговори и на вчерашното интервју на МТВ. Тој нагласи дека итно е потребно да бидат субвенционирани бруто-трошоците по вработен во компаниите кои се најзадолжени.
Немојте да кратите кај администрацијата.На тој начин и она што е добро а тоа троговијата, малопродажбата ќе ја намалите, луѓето ќе ја намалат куповната моќ. Затоа велеме ајде од надвор да бараме пари. Рековме дека ќе ни треба најмалку половина милијарда,не не послушаа и каматите рипнаа најмалку два проценти. Кој ќе сноси одговорност зошто веднаш не се реагираше – запраша Мицкоски.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага сет на мерки кои со сигурност ќе придонесат за стабилизирање на економијата без притоа работниците тоа да го почувствуваат на својот грб.
- Државата да покрие до 50% од бруто трошоците за вработените, по основ на нето плати и придонеси, а не само нето плати како што предлага СДСМ,
- Целосно да се замрзнат плаќањата на рати по основ на отплата на главнина и камати на граѓаните и бизнисот кон банките и заемодавателите,
- Владата да се откаже од непродуктивните трошоци од буџетот и безусловна и интензивна реализација на капиталните инвестиции,
- Владата да го покрие транспортниот сектор со укинување на плаќањето на патарина и царински давачки, како и да донесе одлука за укинување на сите давачки – царински и даночни за набавка на здравствени маски, медицински препарати и уреди потребни за справување со корона вирусот,
- Аконтацијата на данокот на добивка за месеците април, мај и јуни да биде одложена, но истото ова треба да се примени и за ДДВ за месец март кој се плаќа до крајот на месец април за дејностите погодени од кризата,
- Итно и целосно прекинување на непродуктивните трошоци за времени вработувања,
- Да не се прави „урамниловка“ помеѓу платите на функционерите со платите на работниците во администрација и
- Веднаш да се обезбедат 1 милијарда евра за да нема негативни последиците врз компаниите и стандардот на граѓаните, од кој 600 милиони преку средства од Светска банка, ММФ и странски банки, и 400 милиони евра преку државни хартии од вредност кои ќе ги издаде Министерството за финансии, со претварање на пасивниот капитал во актива.
Comments are closed for this post.