Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека новата мерка, за покачување на цената на кесите е парцијална и нема да го реши проблемот со загадувањето.
Во време на голема инфлација во државата, енергетска криза, наместо мерки за помош кон стопанството и граѓаните, власта носи мерки кои се само нов арач за граѓаните. Оваа мерка нема да го намали загадувањето во државата, бидејќи најголеми загадувачи се индустриските капацитети кои не ги почитуваат законите, а нема ниту надзор од државните институции за нивното работење. Никаде ја нема долго најавуваната гасификација државата и долго најавуваните мерки за намалување на загадувањето и подобрување на животната средина – се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму посочуваат дека проблемот со загадувањето треба да се решава системски.
Власта наместо да почне проблемите со загадувањето на животната средина од најголемите загадувачи, тие забранија користење на пластични кеси – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.