Измените на законот за приредување игри на среќа се објавени на Електронскиот национален регистар на прописи, според кој приредувачите ќе плаќаат поскапи лиценци, а ќе треба да ги оддалечат своите деловни простории, односно уплатно-исплатни места на 500 метри од најкраткиот пат до училиштата, пишува Фактор.мк
Во членот 21 се додава дека „Деловните простории во кои се приредуваат игри на среќа во обложувалница и автомат клуб, томбола од затворен тип и електронски игри на среќа се отвораат на оддалеченост од 500 метри од основни и средни училишта, до кои се доаѓа по најкраткиот безбеден пат“. Приредувачот ќе треба да има и документ со кој се докажува оддалеченоста на деловната просторија, не постар од 6 месеци од денот на неговото издавање;
За добивање лиценца за обложувалница ќе се плаќа 125.000 евра, наместо 105.000 евра. За отворање на уплатните места редовно ќе се плаќа само ако се отворат најмногу 25 такви, а за секоја наредна приредувачот ќе треба да размисли, бидејќи од старт ќе плаќа по 5.000 евра. Слични критериуми има и за автомат-клубовите.
Целиот текст овде.
Comments are closed for this post.