Инвеститорите на германскиот авто гигант барат компензација од дури 9,2 милиони евра метајќи дека акционерите требало порано да бидат изветени за скандалот со штелувањето на системот за издувни гасови.

Аферата „дизелгејт“ одекна во септември 2015. година, а компанијата до сега ја чинеше 27,4 милијарди евра казни. Во процесот треба да се покаже дали врвот на Фолскваген знаел за манипулациите.

Концернот се брани со тврдењето дека за манипулациите со дизел моторите знаеле само менаџерите на пониските водечки позиции додека управниот одбор не знаел ништо до објавата на Американската државна канцеларија за заштита на средината која и ги откри манипулациите со моторите.

Управата тврди и дека на акционерите веднаш по избивањето на скандалот им испратила предупредување. Процесот би требало да трае до следната година, а поради големиот интерес расправата ќе се води во салата на градското собрание.

Во САД Фолскваген е веќе осуден за измама и попречување на судството, а осуммина поранешни и сегашни водечки луѓе на концернот се обвинети, меѓу другото, и за измама и „заговор“. Двајца инженери на компанијата од Волфсбург се веќе осудени.