Според Максимилијан Ламбертсон, водечки аналитичар за Источна Европа од The Economist Intelligence Unit, Велика Британија, регионот мина низ значителен период на прилагодување по светската економска криза во 2007-2009, кога инфлацијата достигна историски најниски нивоа, што овозможи поусогласена монетарна политика што поддржува раст.
Самитот почна со поздравно обраќање на годинашниот клучен говорник, менаџерот за истражување и уредник на Индексот за економска слобода во фондацијата Херитиџ, САД, Ентони Б. Ким.
Има бројни важни прашања поврзани со политиките за кои треба да ги споредиме погледите и да размениме отворени перспективи. Амбиентот за водење политики во многу делови на светот рапидно и динамично се менува, нудејќи, како можности, така и предизвици. Тоа ќе биде навремен повод нив да ги разгледаме на стратешки начин свртен кон иднината, особено во контекст на тоа како да се дефинира една обновена патека за Македонија и да се реализира нејзиниот целосен потенцијал, рече Ким.
На 7. Самит „Македонија 2025“ врвни имиња од глобалниот бизнис ќе ги запознаат македонските стопанственици со најновите светски трендови во економијата, инвестициите и технолошките иновации.
Дел од денешните панел-дискусии се поврзани со сеопфатен економски осврт на светот и регионот, со споредбата на стратегиите за привлекување директни странски инвестиции, како и со најдобрите практики на светско ниво.
Една од темите на Самитот денеска беше и производството на канабис за медицински цели, а ќе се презентираат и успешни македонски компании.
Утре во фокусот ќе бидат дигиталната трансформација, најновите технологии во здравството и зелените индустрии.
На Самитот ќе има повеќе од 15 панел-дискусии, неколку интерактивни настани за вмрежување и ден за спортски активности.
Comments are closed for this post.