Оваа влада со реформата на даноците донесена избрзано, необмислено и без слух за барањето на стопанствениците и експертите ќе предизвика повеќе зијан отколку ќар, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Тој на прес конференија појасни дека наместо граѓаните, а особено посиромашните, од оваа мерка бенефит може да имаат единствено соседни земји кај кои може да се отворат нерезидентни сметки или да ги селат бизнисите, токму оние кои се најзасегнати од покачувањето на даноците.

Арсовски потсети дека во оваа група на луѓе спаѓаат само 1% од граѓаните, од кои голем дел се млади и просперитетни луѓе кои заедно со бизнисот може да ја напуштат и самите тие државата.