ИПАРД програмите се од исклучителна важност за развојот на македонското земјоделство и вклучуваат мерки кои директно им помогаат на нашите земјоделци, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на почетокот на кампањата „Европски можности за македонското земјоделство“ за користење на средствата оа ИПАРД програмите за период од 2014 до 2020 година што се одржа денес во Струмица.
Пред претставници на земјоделски компании, преработувачи и трговци, Николовски додаде дека само со првиот јавен повик од ИПАРД 2 се примени рекордни 1.649 барања за инвестициски проекти од кои досега одобрени и влезени во фаза на реализација се 937 проекти, во вредност од близу 18 милиони евра.
Добар дел од овие средства кај реализираните проекти се веќе исплатени. Затоа, со предлог буџетот за 2019 година го зголемивме националното кофинансирање за ИПАРД од 60 на 151 милиони денари, рече министерот Николовски.
Истакна дека средствата добиени од ова програма можат да се користат за голем број на инвестиции во земјоделството почнувајќи од инвестиции во изградба или реконструкција на објекти за одгледување добиточна храна, до набавка на инвестици за наводнување на фарма, набавка на специјализирани транспортни возила и развој на инфраструктурата. Со јавниот повик не е поддржано набавка на трактори.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостпанство, Љупчо Николовски информираше дека се поедноставуваат процедурите за поднесување апликација, акредитација на нови мерки и се зголемува персоналниот капацитет на ИПАРД телото во министерството и Платежната агенција.
Со новите педесетина вработени кои ќе работат на одобрувањето на самите проекти очекуваме голем број на повици во следниот период. Заради тоа тековно имаме еден повик кој трае до 29 јануари наредната година и ја користам оваа априлика од Струмица да ги поттикнам сите заинтересирани за мерката за инвестиции во преработувачките капацитети, која што ни е веќе распишана и која трае да се информираат со помош на оваа кампања за начинот на аплицирање и да успеат да повлечат вкупно околу 30 милиони евра кои стојат на располагање, рече министерот Николовски на промоцијата на јавниот повик за аплицирање во програмите ИПАРД.
Според Николче Бабовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со распишувањето на новиот јавен оглас за модернизирање на земјоделските стопанства на располагање на потенцијалните апликанти им се 11,8 милиони евра.Апликациите треба да се достават најдоцна до 9 февруари идната година.
Ги поттикнувам сите апликанти кои што сакаат или имаат потреба од било какви дополнителни информации преку оваа кампања која ја почнуваме денес од Струмица заедно со Телото за управување, министерството и Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделстото да дојдат за сите прашања, за секој вид на помош која им е неопходна при формирање и градење на доверба меѓу нас, а исто така и добивање на квалитетни апликации, бидејќи со измените кои ги направивме со поеднставување на процесите на почетокот секој апликант мора да ја има комплетната апликација за да можеме во многу краток временски период да одговориме на апликациите, инвеститорите да добијат договор и брзо да можат да почнат во реализација на нивната инвестиција, рече Николче Бабовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Кампањата ќе продолжи со организирање на големи форуми, работилници и во други региони во државата и 80 инфо денови во сите општини во државата.
Comments are closed for this post.