Во текот на оваа недела ќе биде објавен огласот за вградување плински уреди во возилата, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Одговарајќи на новинарско прашање во Владата, министерот Бектеши рече дека јавноста дополнително ќе биде известена за условите што треба да ги исполнат сите заинтересирани граѓани.
Ова е една од сетот мерки насочени кон намалување на аерозагадувањето. За неа ќе важи принципот „прв дојден, прв услужен“ кој ќе се примени и за мерката за печки на пелети.
-За овие мерки важи принципот „прв дојден, прв услужен“ и затоа апелирам до граѓаните навремено да аплицираат до Министерството за економија, истакна Бектеши.
За најавените субвенции за набавка на возила, Бектеши рече дека се разгледуваат неколку опции и оти во работната група покрај претставници од надлежните институции, се вклучени и претставници од увзониците на нови возила. За оваа мерка нема да важи принципот „прв дојден, прв услужен“.
Comments are closed for this post.